Заврши средбата на работните групи за мерките за доверба меѓу Македонија и Грција

-

Шестиот состанок за мерките за градење доверба меѓу Република Македонија и Република Грција денеска се одржа во Атина, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, без притоа да открие детали дали е постигнат напредок во усвојување на нов пакет мерки.

Од МНР наведуваат дека министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, в четврток во Скопје ќе разговараат за напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење доверба и дека следната средба на работните групи ќе се одржи во Скопје.

Состанокот во Атина, како што се наведува, претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и на енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка.

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче...

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Нашата земја направи исчекор и усвои модерно, инклузивно и праведно решение за формализирање на непријавениот труд. Со Законот за работно ангажирање на лица се поставува формална рамка за препознавање и заштита...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...
WoW Warband Eldridzh Shadow Priest скриншот од лична Архива на Иван Стојановски

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата...