Јавниот превоз во Скопје од утре повторно ќе функционира по вообичаениот зимски возен ред. Од ЈСП – Скопје информираат дека редукцијата на автобусите на градските и приградските линии траела во изминативе три недели, а истата завршува со крајот на ученичкиот зимски распуст и враќањето на учениците во училишните клупи.

„Од утре, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз“, се наведува во соопштението на ЈСП – Скопје.