fbpx

Заврши привремениот престој на 35 Авганистанци во земјава, Грција им обезбеди трајно прибежиште

-

Денеска за Грција заминаа 35 Авганистанци кои привремено престојуваа во земјава, откако беа евакуирани од Авганистан по преземањето на власта од страна на талибанците, соопшти Владата. Грција им обезбеди трајно прибежиште на овие луѓе.

„Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, соопшти Владата.

Во земјава сега престојуваат 407 граѓани од Авганистан, а институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, се објаснува во владиното соопштение.

Во вторникот група од 27 Авганистанци од скопскиот аеродром одлета за Ирска, каде добија трајно прибежиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...