fbpx

Заврши Летната школа за електроника на ФЕИТ

-

Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“, што денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Според професор Јосиф Ќосев од Институтот за електроника при ФЕИТ, организатор на Летната школа, студентите, всушност, имаа можност својата замисла да ја видат како функционира во практика.

– Драго ми е што студентите, по завршување на испитната сесија, сепак доаѓаат на летната школа. Имаме и средношколци учесници кои сакаат да научат за оваа област. Всушност, тие имаа можност теоретски да се запознаат со микрокомпјутерските системи и практично да ја реализираат својата замисла – објасни професор Ќосев.

Интересот за оваа школа, според Ќосев, секоја година се зголемува. Школата се организира петти пат и во неа, годинава, учествуваат околу педесетина учесници. Еден од нив е и студентот на втора година на Инстутот за електроника при ФЕИТ, Добромир Алексиќ.

– Ова е соврешен начин да покажеме како и колку теоретски сме го совладале материјалот на факултет и дека знаеме да работиме со микроконтролери. Веќе се чувствувам самоуверен да почнам и со самостојни проекти – вели Алексиќ.

Неговиот колега, студентот Бојан Максимовиќ, потврдува дека знаењето е моќ.

– На школата работев на проект со миркоконтролери и со автомобили. Ова е мојата идна професија – електрониката, поврзана со огромната љубов кон автомобилите. Иако е лето, се разбира, има време и за одмор, но ова е одлична можност да научиме нешто повеќе. Ќе бидам побогат доколу научам нешто ново – објаснува Максимовиќ.

Летната школа завршува со награди за најдобрите студенти во различни категории.

Тема на Летната школа се малите скирени (вградени) компјутери кои се наоѓаат во сите електронски уреди – мобилни телефони, телевизиски и радиоприемници, автомобили, авиони и други летала, апарати за домаќинство, мерни уреди, медицинска опрема, роботи, играчки. Улогата на овие компјутери е да ги направат уредите „паметни“, односно удобни за користење. На оваа школа учесниците преку предавања ќе ги запознаат овие скриени миркокомпјутери и сами, преку проектна задача, ќе програмираат одредена „интелигентна“ функција.

Почетоците на летната школа датираат уште од 2009 година со меѓународниот проект „Embedded system design“. Редовната програма на овој проект вклучувала одржување летни школи, а последната била одржана на ФЕИТ во Скопје во 2011 година. Поради големиот интерес кај студентите, школата продолжува и по завршување на проектот. Бројот на учесници континуирано се зголемува и годинава има околу педесетина посетители – студенти од разни факултети од Македонија, средношколци, дипломирани инженери и магистранти. Покрај предавачи од ФЕИТ, на школата гостуваат и предавачи од други факултети, компании и од институции од земјава и пошироко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...