fbpx

Завршени се истрагите против невладините организации – криминал нема, вели Спасовски

-

Истрагата за невладините организации е завршена затоа што не биле пронајдени нелегални дејности, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– По извршените анализи и консултации со Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, МВР, односно Бирото за јавна безбедност заедно со Управата за финансиска полиција ги затворивме овие истраги бидејќи не постојат никакви докази што можат да ја потврдат основаноста на сомневањата дека нешто е направено. Има поднесено една кривична пријава во СВР Струмица, која се однесува на незначителна сума од прикривање на персонален данок, меѓутоа никаква друга организирана нелегална дејност нема од невладините организации во Република Македонија и затоа е затворена оваа истрага – рече Спасовски.

Истрагите против невладините организацииа ги почна претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ , со образложение дека „СДСМ и Сорос константно работат на уништување на граѓанскиот сектор и иницијативи, како и на независното новинарство во Република Македонија“.

Никола Груевски, во таканаречениот „проглас“ на протестот пред Државната изборна комисија на 17 декември минатата година, за првпат ја најави т.н. „десоросоизација“.

– Ќе се бориме за десоросоизација на Република Македонија и за зајакнување на независен граѓански сектор, кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот – рече тогаш Груевски.

На Табановце приведен скопјанец, пронајдени илјада различни видови монети

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од полициската станица Табановце, при влез во државата лишиле од слобода 51-годишник од Скопје. Како што...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
udemy course download free
download coolpad firmware
Download Nulled WordPress Themes
online free course