fbpx

Затворениците од штипскиот затвор се откажаа од штрајкот

-

Штрајкот со глад што го почнаа затворениците во најголемиот затвор „Идризово“ со барање за амнестија, во затворот во Штип се одвиваше само вчера, за време на појадокот.

Според информациите од раковoдството на Затвор „Штип“, само 19 затвореници од вкупно 234, колку што издржуваат затворска казна, одбиле да појадуваат. Подоцна, во текот на ручекот, им се придружиле на останатите затвореници.

Денеска штипските затвореници не ги подржаа штитениците на „Идризово“ и затворот во Прилеп, каде се штрајкува.

Токму vo Штип вчера премиерот Зоран Заев изјави дека примил писмо од затворениците, но општа амнестија нема да има, бидејќи било пракса, како и во сите европски земји, амнестија да се прогласува на 5-6 години.

Во Македонија таков процес имаше минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...