fbpx

Затворени повеќе улици во центарот на Скопје поради одбележување на независноста и протести

-

Голем дел од улиците во центарот на Скопје денеска ќе бидат времено затворени за сообраќај поради двата најавени протести и одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР соопштија дека за денеска најавен е мото-пешачки протестен марш од Скопски саем кон Влада на РСМ. За таа цел, од 10:30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај: булеварот “Гоце Делчев” на потег од улица “Беласица” кон булевар “Илинден“ и булеварот “Илинден” на потег од булевар “Гоце Делчев” до булевар “Климент Охридски”.

Уште еден протестен марш ќе се одржи од плоштадот „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ во Скопје, кој ќе започне во 13:30 часот. За таа цел, од 13:30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварот “Гоце Делчев”, булеварот “Илинден” и булеварот “Климент Охридски”.

МВР ги потсетува возачите дека поради одржување на централната прослава “30 години независност”, денеска од 11 часот до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат: булевар “Кочо Рацин” на потегот од крстосницата со булевар “Кузман Јосифовски Питу” до улица “Кирил и Методиј”, улица “11-ти Октомври” на потегот од улица “Крушевска Република” до улица “Димитрие Чуповски”, улица “Филип Втори” на потегот од булевар “Гоце Делчев” до улица “11–ти Октомври”, Кеј “13–ти  Ноември” на потегот од улица “Филип Втори” до булевар “Кочо Рацин”, улица “Мирче Ацев” на потегот од улица “Филип Втори “до булевар “Кочо Рацин”, улица “Димитрија Чуповски” на потегот од порта Македонија до булевар “Климент Охридски” и улица “Даме Груев” од крстосницата со улица “Македонија” до улица “11-ти Октомври”.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...