Затворена пругата кај „Табановце“ поради истекување на плин од вагон-цистерна

Железничкиот сообраќај на граничниот премин „Табановце“ од утрово е во прекин поради истекување на плин од вагон-цистерна, информираат од МВР.

Според полицијата, железничкиот сообраќај бил прекинат околу 4 часот, откако на преминот од Србија во земјава влегол воз со композиција од 16 вагони, од кои шест вагон-цистерни со плин, а од една од нив било забележано дека испушта плин, со што била загрозена безбедноста.