fbpx

Затворен граничниот премин „Мердаре“, патниците се упатуваат на други алтернативни патишта

-

Министерството за надворешни работи на Косово, поради најновата блокада на преминот „Мердаре“, вчера ги повика сите граѓани што патуваат за Косово преку Србија, да го избегнуваат овој премин и да користат други алтернативни патишта. Тие ги посочија премините преку Северна Македонија.

Најголемиот граничен премин „Мердаре“ е затворен откако група демонстранти со камиони и приколки вчера го блокираа преминот од српска страна во знак на поддршка за Србите во Косово. Блокирани се и граничните премини „Јариње“ и „Брњак“. Косовските Срби ги поставија блокадите, бидејќи бараат да бидат ослободени поранешните припадници на косовската полиција од српска националност кои беа уапсени.

Косовската полиција соопшти дека на северот од земјата ноќеска, криминални лица или групи продолжиле да поставуваат барикади, а тоа ја попречува слободата на движење.

Србите на северот на Косово ги блокираа патиштата во северниот дел на Косово затоа што го уапсија нивниот сонародник и поранешен припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...