Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

Во меѓувреме, според податоците од Секторот за внатрешни работи во Тетово, од 2021 година до 13 април 2025 година бројот на граѓани кои пријавиле каснувања од кучиња скитници во Полициската станица Тетово е вкупно 238

-

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици граѓани пријавиле каснувања. Во меѓувреме, Општина Тетово молчи, пишува Порталб.мк.

Во врска со овој проблем, жителот на овој град, Ариф Арифи, покажувајќи снимки од толпи кучиња пред неговата куќа, вели дека кучињата скитници претставуваат закана за безбедноста на граѓаните, особено на децата.

„Во нашата населба има многу деца кои обично си играат на улица и пред нашите куќи. Не дај Боже да се случи нешто непосакувано, бидејќи тогаш оваа тотална институционална анархија ќе се претвори во граѓанска анархија, тогаш немојте да се изненадите од тоа што се случи”, рече Ариф Арифи.

Тој апелираше до институциите да преземат мерки за решавање на овој проблем.

Во меѓувреме, според податоците од Секторот за внатрешни работи во Тетово, од 2021 година до 13 април 2025 година бројот на граѓани кои пријавиле каснувања од кучиња скитници во Полициската станица Тетово е вкупно 238. Но, оваа бројка може да биде уште поголема бидејќи не сите граѓани пријавуваат случаи на напади и каснувања во полицијата.

Општина Тетово на крај на јули 2024 година отвори засолниште за кучиња скитници во селото Ратае. Се обративме до Општината со прашање зошто овие кучиња кои претставуваат закана за граѓаните не се држат во засолништа, но до објавувањето на овој текст од нив не добивме одговор. Исто така ги прашавме како функционира ова засолниште, како се третираат и колку кучиња се третирани досега. Накратко ни рекоа дека чекаат извештај.

Според една изјава за медиумите на портпаролката на Општината, до октомври 2024 година, биле третирани околу 100 кучиња.

Потсетуваме дека во јули 2024 година Општина Тетово донесе  упатство за утврдување на правилата и начинот на надомест (исплата) на штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници. А во октомври 2024 година општина Тетово објави дека ќе ги награди оние луѓе кои ќе достават докази (фотографии или видеа) за лица кои пуштаат кучиња скитници во градот, но од Општината не објаснија како ќе бидат наградени овие граѓани. Инаку, пред неколку години беше најавена изградбата на едно регионално засолниште со кое ќе се решеше овој проблем за сите општини на Полог, но тоа сеуште не е реализирано.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...