Засилени контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата пред Велигден

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги зајакна инспекциските контроли на квалитетот и безбедноста на јајцата, во пресрет на Велигден кога и потрошувачката е најголема.

– Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ. Секоја недоследност во поглед на овој прехранбен производ граѓаните и компаниите можат да го пријават на Агенцијата за храна и ветеринарство, врз основа на што ќе биде спроведена и инспекциска контрола – вели директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Претседателот на Групацијата за живинарство при Стопанска комората, Абдулезел Догани од „Везе Шари“, компанија која произведува јајца, побара при инспекциските контроли при увоз да се обрне внимание и да тоа дали јајцата кои се увезуваат во земјава го имаат кодот на државата од каде потекнуваат, за да се спречи можноста од манипулации на домашниот пазар како македонски да се пласираат јајца од увоз.

Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99...