fbpx

Заштита и промоција на Дримскиот басен и биосферниот резерват Охрид – Преспа

-

Заштитата и промоцијата на Дримскиот басен, заедно со биосферниот резерват Охрид – Преспа, ќе бидат во фокусот на вниманието на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро, кој ги утврди приоритетите за 2015 година.

Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро, посебно ги нагласува управувањето, промоцијата и утврдувањето на целните групи на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа, имплементација на ГЕФ – Дримскиот проект (работни групи, утврдување акции, истражувања на прекугранично ниво), процесот за интегрална заштита на регионот на Охридско Езеро под УНЕСКО заедно со албанската страна (инвентаризација на природното и културното наследство и на македонска страна) и слично.

– Со исто внимание се посветуваме на работата и на афирмацијата на резултатите од студијата за оправданост и на презентација на технологиите за рехабилитација на колекторскиот систем cо ЈЕИЦА (приоритетни проекти), сензибилизација за неопходноста за заштита на Охридско Езеро и неговиот слив, преку создавање совети на ниво на сливови во согласност со законите и слични активности – вели Паноски.

Паноски додава дека се идентификуваат проектни активности во функција на зголемена заштита, надгледувањето и транс-граничната соработка.

– Отворањето на дримскиот проект и на биосферниот резерват отвори и врата за нови инвестиции во заштитата на вредностите на Охридско Езеро и на другите езера во басенот. Планираме активности и проекти за да ја засилиме интернационалната заштита на водните ресурси и вредностите околу нив – подвлекува Пановски.

Германската агенција за поддршка (ГИЗ) за втората фаза одвојува средства од околу два милиони евра за спроведување нови активности кои ќе поддржат функционирање на прекуграничните тела, ќе го зајакнат надгледувањето врз биодиверзитетот на езерата со помагање на научните институции и ќе ја подигнат важноста за заштита на вредностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...