Во Лондон започна Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади, на кој учествува и премиерот Зоран Заев, министерката Радмила Шекеринска и министрите Бујар Османи и Никола Димитров.

Заев, се сретна и разговараше со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

„Лидерите на овие земји сојузници на Македонија изразија целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи Македонија и уверување дека нивната поддршка за граѓаните на нашата земја ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина“, информират од Влада.

Заев синоќа беше на прием во Бекингамската палата кај Кралицата Елизабета Втора, како и кај британскиот премиер Борис Џонсон.