fbpx

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

-

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период.

„„Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во Македонија, „Охридско лето“. Од друга страна, таа ќе биде и удобно катче за публиката. Планирано е, градежните активности да завршат во декември“, изјави директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Според Поповиќ, сцената ќе претпрпи комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот и заради заштита од атмосферски влијанија.

Што се однесува до гледалиштата на „Долни Сарај“, ќе биде извршена комплетна санација на постоечките, а ќе се постават и ново западно и ново централно гледалиште, со што, капацитетот наменет за публиката ќе се зголеми за околу 40 отсто. Исто така, проектот предвидува и проширување на пристапниот влез за товарни возила до самата сцена.

Комплетно санирана ќе биде и терасата на „Долни Сарај“ која лежи над самото Охридско Езеро. Таму ќе се реновира подот, како и постоечката бетонска ограда. Проектната документација предвидува и комплетно реновирање и проширување на пристапните скали кон терасата.

Предвидено е и некоклукратно зголемување на капицитетот на електричната моќност, а целиот простор ќе добие и ново хортикултурно уредување.

Целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиони денари, од кои 1,4 милиони денари ги обезбеди Министерството за култура преку програмата за култура за 2018 година, а останатите средства, фестивалот ги обезбеди претходно со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...