fbpx

Започна самитот на Г7, италијанската премиерка Џорџа Мелони е на чело

Фокусот на овој самит ќе бидат светските воени кризи, односно тие во Украина и Газа, како и справувањето со вештачката интелигенција

-

Денес започна овогодишниот самит на групата Г7, во која спаѓаат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединето Кралство, САД, како и претставници од Европската Унија, пренесува Гардијан.

Самитот ќе се одржи во јужноиталијанскиот град Фасано. Таму, во луксузниот комплекс Борго Егназција, италијанската премиерка Џорџа Мелони ги пречека лидерите од останатите членки на Г7.

„Ќе ја повториме нашата поддршка за Украина и ќе продолжиме да работиме за да се постигне крај на војната, како и праведен и траен мир. Ќе се осврнеме и на конфликтот на Блискиот Исток и другите кризи во изминатата година“, кажа Мелони во своето отворање.

Во таа насока, се очекува британскиот премиер Риши Сунак да најави финансиска помош од околу 285 милиони евра за Украина, со цел да се поддржат хуманитарните и енергетските потреби на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така е присутен на средбата.

Мелони исто така најави дека ќе се дискутира влијанието на вештачката интелигенција, како и регулирањето на истата.

„Посветени сме на развивање механизми за надзор и регулирање на вештачката интелигенција, за да се осигуриме дека таа е раководена од луѓе и дека нејзиниот фокус ќе биде исполнување на човечките потреби“, вели Мелони.

Мелони истакна дека ќе се дискутира поддршката за африканските економии, како и справувањето со евтините добра кои ги преплавуваат западните пазари.

На некои од лидерите од Г7 можно е да им е последен пат на самитот. Се очекува Риши Сунак да изгуби на претстојните парламентарни избори во Велика Британија, а шансите не се мали Доналд Трамп да победи на американските претседателски избори во ноември. Дополнително, Емануел Макрон и Олаф Шолц се под политички притисок по победите на крајнодесничарските партии на европските избори во Франција и Германија, соодветно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...