Започна операцијата на Водовод и канализација – голем дел од Скопје остана без вода

Покрај тоа што од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје велат оти очекуваат „операцијата“ да заврши за 15 часа, во истото соопштение апелираа да се внимава во изнесувањето информации и да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните за „неколку часовното немање вода“

-

Започна акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за санирање на дефектот во Карпош 4 на улица „Никола Парапунов“ каде веќе 20-ина дена течат стотици кубни метри питка вода од доводот директно во канализација. Поради тоа, од Водовод и Градот Скопје морале да го сопрат едниот од двата главни градски вентили и најголемиот дел од населението во Скопје кое живее од десната страна на Вардар остана без вода. Како што најавија од јавното претпријатие во вчерашното официјално соопштение, покрај дефектот на оваа улица ќе извршат санација на уште 5 други локации од општина Ѓорче Петров до ул. Никола Парапунов. Ова беше единствената официјална комуникација со јавноста на јавното претпријатие во однос на сопирањето на водата за Скопје.

Според најавите на ЈП „Водовор и канализација“ – Скопје, денеска ќе се извршат следните зафати:

  • замена на нефункционален затворач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров;
  • репарација на затворач Ф600мм на мост Обединети нации кој тече;
  • заптивање на затворач Ф700мм на булевар Партизански Одреди кој протекува и замена на затворач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта;
  • санација на затворач Ф700мм и Ф500мм на ул. Никола Парапунов и замена на 4 воздушни вентили.

Поради многу нејаснотии и нетранспарентност од страна на сите засегнати страни, вклучувајќи го јавното претпријатие, градските власти но и централната власт во однос на самиот зафат, најавата дека ќе биде исклучена водата предизвика паника кај населението. Така, скопјани изминатите денови ги испразнија рафтовите со флаширана вода во маркетите низ градот. Притоа, најголем жар од исклучувањето на водата за сега имаат трговците на мало.

Покрај тоа што од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје велат оти очекуваат операцијата да заврши за 15 часа, во истото соопштение апелираа да се внимава во изнесувањето информации и да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните за „неколку часовното немање вода“.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...