Започна обновата на граничниот премин Маркова нога кон Грција

Проектот има историско значење за Преспанскиот регион и е од витално значење за зачувување на екосистемот, поттикнување на еко-туризмот и промовирање на земјоделството и културната размена

-

Денеска беше официјално означен почетокот на обновата на граничниот премин Маркова нога во Преспа, кој ги поврзува Република Северна Македонија и Република Грција. Овој проект е дел од програмата „ЕУ за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“, финансиски поддржан од Европската Унија и реализиран од УНДП.

На свеченото поставување на камен-темелникот за реконструкција на граничниот премин беа премиерот Христијан Мицкоски, ЕУ Амбасадорот Михалис Рокас, Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

„Реконструкцијата на граничниот премин е од големо значење за граѓаните, бидејќи ќе овозможи подобрување на сообраќајното поврзување, што ќе ја унапреди економската соработка и ќе го зголеми туристичкиот потенцијал на регионот“, изјави премиерот Мицкоски.

Во наредните 16 месеци се планирани интензивни градежни активности, вклучувајќи изградба на нова административна зграда за Царинската управа, нови улични делници и инфраструктурни подобрувања за водоснабдување и канализација.

Проектот има историско значење за Преспанскиот регион и е од витално значење за зачувување на екосистемот, поттикнување на еко-туризмот и промовирање на земјоделството и културната размена.

Проектот „ЕУ за инфраструктурни подобрувања на преспанскиот регион“ е дел од пошироката иницијатива „ЕУ за Преспа“, која се стреми кон унапредување на Зелената агенда и економската интеграција на Западниот Балкан.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...