fbpx

Започна кампањата со која се повикуваат граѓаните да спречат и пријават дискриминација

-

Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават.

„Во наредниот месец, преку видео спотови, трибини во четири градови и флаери, граѓаните ќе може да се информираат за Законот за спречување и заштита од дискриминација, за групите на граѓани кои се најмногу погодени од нееднаквоста, каде сѐ е присутна дискриминацијата, каде се пријавува и што можат тие да преземат. Кампањата има за цел да испрати порака дека дискриминацијата има бројни  негативни последици по индивидуите и по општеството како целина, како: сиромаштија, насилство, социјална изолација, повреда на достоинството, неможност за професионален напредок, ниско ниво на образование, намалена самодоверба, нарушување на физичкото и менталното здравје итн,“ се вели во соопштението на Коалицијата „Маргини“.

Кампањата повикува на почитување на еднаквоста од страна на сите граѓани бидејќи таа е предуслов за постигнување на благосостојба на целото општество и клучен принцип, гарантиран со Уставот. Кампањата повикува на еднаквост, спречување на дискриминација и неучество во неа.

Мрежата повторно апелира до Собранието на РСМ во наредните две недели да го избере новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со цел да се започне со спроведување на Законот и да се овозможи заштита во случаите на повреда на еднаквоста на граѓаните. Воедно, ја потсетуваме Владата и пратениците од мнозинството дека унапредување на системот на превенција и заштита од дискриминација беше клучно предизборно ветување, кое сѐ уште не е остварено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...