Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

МВР изврши претрес кај 21-годишен скопјанец осомничен за повеќе компјутерски кривични дела, вклучително и компјутерски фалсификат, злоупотреба на лични податоци и фалсификување документи

-

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од Скопје.

Тој е осомничен за неколку кривични дела: „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „компјутерски фалсификат“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидени во Кривичниот законик.

При претресот се пронајдени и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптопа, пет USB стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра во кеш, како и уплатници, исплатници, фалсификувани паркинг налози од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и полициски картички со логото на МВР.

Според информациите од Министерството, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...