fbpx

Запалена фабрика за сулфур во близина на Мосул, стотици лица затруени

-

Стотици луѓе побарале медицинска помош поради проблеми со дишењето од отровните испарувања што почнале да се шират од фабрика за сулфур во близина на Мосул, која најверојанто била запалена од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските медиуми.

Засега нема пријавено смртни случаи поврзани со инцидентот, соопштиле од болницата во местото Каијари, близу Мосул.

Според војската на САД, фабриката за сулфур била намерно запалена неделава од милитантите на ИД, кои биле потиснати од областа од страна на ирачките сили. На американските војници веднаш им биле поделени гас-маски и друга заштитна опрема.

Пожар во оваа фабрика имало и во 2003 година, кој траел три недели. Загадувањето на воздухот во Мосул тогаш било огромно, а целата вегетација што била на отворено изумрела од отровните гасови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...