fbpx

Западен Балкан во ЕУ: Неопходни се суштински реформи за да има демократија во корист на граѓаните

-

Во Собранието на Црна Гора се одржа јавна дебата на тема „Западен Балкан и Европската унија: демократска консолидација преку исполнување на политичките критериуми“.

На дебатата присуствуваа претставници на невладини организации од регионот, меѓу кои и Фондацијата „Метаморфозис“ како и политичари од Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Босна и регионот.

На почетокот беа презентирани податоците на заедничкото истражување и анализа, на неколку организации од регионот: „ЦДТ“, „ЦРТА“, Фондацијата „Метаморфозис“ и „Зашто Не“ за тоа колку земјите од Западен Балкан ги исполниле политичките критериуми за зачленување во Европската унија во следните области: избори, правда, борба против криминалот и корупцијата, медиумите и јавната администрација.

Главните податоци се дека во овие четири држави, процесот на пристапување кон Европската унија е во различни фази, но дека проблемите се слични не се воспоставени ефикасни механизми за демократска контрола над институциите, затоа тие немаат кредибилитет и интегритет, борбата против корупцијата е селективна и не енергична, постои голема недоверба во судството поради неговата политизација и надворешни влијанија во правниот систем на земјата, администрацијата е политизирана и преоптоварена, а услугите се неефикасни медиумите не се слободни и работат во тешки услови, реформите во делот на Изборниот законик се недоволни и не придонесуваат за унапредување на демократијата.

Граѓанските организации апелираа до властите да спроведат суштински реформи

Општо земено, податоците на истражувањето, спроведено од овие организации, се одразени во проценките дадени во извештаите на Европската комисија за балканските земји.

Милица Ковачевиќ од организацијата „ЦДТ“ – Црна Гора, зборувајќи детално за состојбата во оваа држава, рече дека најголемите проблеми се тоа што граѓаните не им веруваат на институциите, опозицијата го бојкотира парламентот, а тоа е резултат на големите проблеми во изборниот систем, администрацијата е политизирана, судовите не се ефикасни, постои незадоволство од работата на Антикорупцијата, па дури има и назадување во нивната работа, додека медиумите се во тешка ситуација.

Директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, рече дека Македонија со години усвојува закони за да го усогласи законодавството со Европската Унија, но најголем проблем останува нивното не спроведување.

„Целта на нивното спроведување треба да биде подобрување на нашиот живот, а не само да пишуваме на хартија дека имаме европски закони и тука да заврши работата”, рече тој меѓу другото.

Јашари детално ги посочи проблемите со судството во Северна Македонија, истакнувајќи дека најважните закони се усвоени, но остана еден од најважните, Законот за обвинителството, кој е во пакет со Специјалното јавно обвинителство. Тој исто така ги спомена проблемите со изборниот систем во земјата, посочувајќи на не реформирањето на Изборниот законик, неуспехот да се исчисти изборната листа и проблемот со гласањето на дијаспората.

Најважно, рече тој, е да се реафирмира улогата на институциите, граѓаните да ги почувствуваат промените и така да се зголеми довербата во нив.

„Борбата против корупцијата да е реална и треба да има висок приоритет, додека судскиот систем да не биде само ефикасен, туку и правичен, да не е селективен и да не дискриминира. Само тогаш ќе се врати довербата кај граѓаните“, рече Јашари, додавајќи дека „очекуваме и Европската унија да не поддржи со тоа што ќе ни даде датум, и со тоа ќе се врати оптимизмот во земјата и на некој начин повторно ќе се потврди европската патека на Македонија, со што ќе се отстранат странските влијанија врз нашата држава”.

Во својот говор, Павле Димитријевиќ од НВО „ЦРТА“-Србија, меѓу другото откри алармантен факт: 80 проценти од жителите на Србија не им веруваат на судовите. Според него, тоа е многу лош показател за оваа земја и ова не е само како резултат на нетранспарентна работа на судовите, туку и од мешањето на различни политики и фактори во нивната работа.

Тој рече дека во Србија нема политички дијалог и дека политичките актери се крајно поделени, со што интегративните процеси се многу потешки.

Што се однесува до Босна и Херцеговина, според Дарко Бркан од НВО „Зошто Не“ ситуацијата е влошена и нема напредок во многу области.

„Не сакам да бидам песимист, но мислам дека кога сите други држави ќе ги завршат разговорите со ЕУ, можеби ќе добиеме кандидатски статус. Имаме најмалку 14 нови услови од Европската унија кои треба да се исполнат, но најлошото е што ние немаме формирана влада уште од октомври минатата година“, рече Бркан.

Оана Попеску од НВО „Глобал фокус“ од Романија, објаснувајќи го искуството на нејзината држава, рече дека во суштина најважно е да се прифатат европските вредности не заради интеграција, туку и за доброто на земјите аспиранти да бидат дел од европското семејство.

Политичари: Ќе работиме на реформи, но, исто така, бараме ЕУ да го признае напредокот

Во панелот со политичарите, беше испратена порака дека Европската унија треба да биде повеќе фокусирана на Западниот Балкан и да се одржуваат повеќе реални разговори за да се знае што е тоа што ЕУ го бара од Балканот и обратно, што е тоа што може да го испорачаат овие држави во овој преговарачки процес.

„Бараме извештаите на Европската комисија да бидат помалку бирократски и по отворени кон критики. Само на овој начин извештаите ќе може да се читаат правилно и без манипулација од страна на владејачките партии, ќе треба да се каже што е направено и што не е направено”, рече меѓу другото Славен Радуновиќ, претседател на Комисијата за европска интеграција во Парламентот на Црна Гора.

Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Северна Македонија, зборувајќи за состојбата во земјата, рече дека сега кога Македонија има извештај со препорака без условување, Европската унија исто така, треба да даде датум за отворање на преговорите.

Тој рече дека се уште има работи што треба да се направат во земјата, особено во судството и администрацијата.

„Предизвик останува реформирањето на администрацијата, додека најкорумпирани во Северна Македонија се судиите и обвинителите, затоа е потребен процес на Ветинг за да се знае кој дели правда и кој работи како службеник во институциите на земјата”, рече Груби.

Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција во Парламентот на Србија, меѓу другото, рече дека Европа треба да гледа на Балканот како еден систем и да се бара колективна одговорност за настаните во регионот.

„Ако нешто се случи во Косово, ова секако има последици и во Србија и во регионот, така што ЕУ мора да ја гледа оваа земја како целина“, рече тој меѓу другото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...