fbpx

Западен Балкан со заедничка стратегија ќе лобира за интеграција во ЕУ

-

Стратегија за лобирање за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, беше претставена денеска во Брисел, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС) и на Европското движење.

Стратегијата е изработена од групата за застапување „Вестерн Балкан 6“ (ВБ6), составена од шест големи непрофитни консултантски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Србија. Од Македонија во групата учествува Институтот за европски политики од Скопје.

„Кога станува збор за проширувањето, денес веќе никој не смее да каже дека тоа е вообичаена работа и тоа секој треба да го има на ум“, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Горан Свилановиќ, на претставувањето на стратегијата.

Тој го подвлече значењето на регионалниот пристап кон проширувањето, додавајќи дека земјите од Западен Балкан мора да продолжат со реформи во своите општества, но мора и „да ги освојат срцата“ на жителите на ЕУ.

Германскиот пратеник во Европскиот парламент и претседател на одборот на Европското движење, Јо Лаинен, уште од 1999 година изјави дека не гледа никаква пречка во која било европска институција за процесот на проширување.

„Проширувањето е интегрален дел на европската идеја. Не гледам ниту еден елемент во која било институција на ЕУ да е против исполнувањето на обврските поврзани со проширувањето“, изјави Лаинен.

Идејата на групата ВБ6 е да ја смени претставата и негативната слика за земјите од Западен Балкан кај граѓаните на земјите членки на ЕУ и во самите институции на Унијата, и тоа по примерот на Вишеградската група.

Оваа лобистичка група од невладини организации преку соработка и регонален пристап ќе им се обраќа на институциите во ЕУ и ќе ги потсетува европските челници и европратеници, на значењето на Западен Балкан за Европската Унија.

На настанот, како што соопшти РСС, присуствуваа бројни претставници на Европскиот парламент, на Европската комисија, како и претставници на дипломатскиот кор во Белгија и при ЕУ. Сите говорници, меѓу кои и европратеникот Едуард Кукан, го истакнаа значењето на оваа група за застапување.

Регионалниот совет за соработка е оперативно меѓувладино тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), кој е основан и од Република Македонија, која е полноправна членка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...