fbpx

Западен Балкан доби поддршка за ЕУ перспектива и средства за борба против корона вирусот на Самитот во Загреб

-

Порака за продолжување на реформите и поддршка за европската интеграција добија земјите од Западен Балкан на вчерашниот Самит на ЕУ за Западен Балкан што се одржа во Загреб. На самитот се истакна и конкретната финансиска поддршка што ќе ја добијат земјите од овој регион за справување со корона вирусот.

Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

ЕУ мобилизираше пакет од над 3,3 милијарди евра во корист на земјите од Западен Балкан, кои се наменети за пост-пандемичко закрепнување, непосредна поддршка на здравствениот сектор и за социјално и економско закрепнување на земјите од регионот. Дополнителна поддршка за борба против корона вирусот е и пакетот од 750 милиони евра за макрофинансиска помош и 1,7 милијарди евра од Европската инвестициска банка.

Во точката 11 од загрепската декларација се нагласува дека откако ќе се постигнат проектираните резултати за запирање на пандемијата од КОВИД-19, ќе следи нова фаза на тесна соработка за справување со социо-економски последици од кризата. За таа цел Европската Комисија подготвува масивен економски и инвестициски план за Западен Балкан.

Премиерот Оливер Спасовски во своето обраќање посочи дека нашата влада е подготвена да работи посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да се закаже Првата меѓувладина конференција, со која ќе се означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија.

– Би сакал во оваа прилика уште еднаш да ве уверам дека Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за Европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка Европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки – истакна Спасовски.

Спасовски го коментираше и најавениот економски и инвестициски План за Западен Балкан. Тој посочи дека веднаш можеме да ја информираме Европската комисија за зрелите проекти, како што се: железничкото поврзување со Бугарија и Албанија и автопатот со Косово, гасниот интерконектор со Грција, развојот на дигиталната економија и на зелениот раст, како и поттикот на трговијата и туризмот во целиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...