Заложбите на новото студентско собрание на УКИМ во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Како да се решат проблемите на студентите, а УКИМ да се издигне на ранг-листите на светските универзитети? На овие и на други теми зборувавме со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Славчо Темелковски и во новата епизода на „Шоркат“ ќе слушнете повеќе за заложбите на овој мандатен состав на собранието.

Во 56-тата епизода на „Шорткат“ информираме и за субвенционираниот студентски оброк, како и за даноците за животна средина кои малку се користат за таа намена.

Ја носиме веста за учеството на македонските ученички Соња, Теа и Гала на светскиот „Турнир на шампиони“, а ќе погледнеме и како помина одбележувањето на Денот на италијанскиот стрип во Младинскиот културен центар.

Новата епизода на „Шорткат“ доаѓа вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб.