fbpx

Законот за ЈО помина на Влада, оди во Собрание на усвојување по скратена постапка

-

Владата на осмата редовна седница која ја одржа синоќа во 22 часот, го утврди текстот на предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието по скратена постапка.

„Утврдениот предлог-закон е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка. Решението на предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази,“ се вели во соопштението на Влада.

Новина во предлог-законот е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители. За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Советот ќе го именува кандидатот кој што ќе освои најмногу гласови од листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите согласно овој закон.

„Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон,“ се додава во соопштението.

На оваа осма седница е утврден и текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така на Собранието му се предлага да биде усвоен по скратена постапка

Целта на предложените измени и дополнувања, според Владата, е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинители со посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување.

Владата исто така на осмата седница усвои одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...