fbpx

Законот за ЈО од денеска е во собраниска процедура, почнува комисиската расправа

-

Предлог-текстот на Законот за јавно обвинителство кој помина на Влада, од денеска е на комисиска расправа во Собранието.

Од власта велат дека решението на предлог-законот гарантира дека „сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.“

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, остануваат на ставот дека нема да го поддржат овој Закон бидејќи како што велат „со него Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат.“

Дали власта има обезбедно мнозинство, ќе се знае на денот на гласањето, иако неофицијално ја има поддршката од помалите партии. Пораката од Европската унија е дека овој Закон не е услов, но е пожелно да се донесе пред одржувањето на Самитот во Загреб, за кој, постојат големи надежи дека Македонија ќе го добие датумот за почеток на преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...