fbpx

Законите од договорот со кредиторите пред грчкиот парламент

-

Грчкиот парламент денеска би требало да усвои серија закони кои предвидуваат почеток на преговорите за третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција.

Седницата на парламентот почнува утринава, што значи дека целиот процес на носењето пакет закони мора да се доврши во рок од десетина часа, јавува грчката новинска агенција АНА.

Законските предлози за промена на повеќе даноци, како и на пензискиот систем, кои би требало да донесат пораст на буџетските приходи од 3,175 милијарди евра годишно, ќе ги претстави грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалотос.

Грчките власти проценуваат дека најголем приход ќе донесе зголемувањето на данокот на додадена вредност, вкупно 2,39 милијарди евра годишно, а другите очекувани буџетски приходи би стигнале од зголемените даноците за осигурување, за добивка, данок на луксузни стоки, бродови поголеми од пет метри, посилните моторни возила, како и дополнителен данок за тие што имаат приходи поголеми од 30.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...