fbpx

Закани за бомби утрово во 50 училишта во Софија, заканувачи бараат исплата во биткоини

Мејловите што стигнале до училиштата денеска се од истиот испраќач како во првите два дена на минатата седмица

-

Дури 50 училишта во бугарскиот главен град Софија утрово добиле закани за поставени бомби, поради што учениците и наставниот кадар биле евакуирани. Само во две од нив наставата продолжила. Еден директор на софиско училиште го објави мејлот со закани што му стасал, јави Бугарското национално радио (БНР).

Училишта во голем број населени места во Бугарија во последниве две седмици речиси секојдневно добиваат закани за поставени бомби, слично како што се случуваше во Македонија.

Мејловите што стигнале до училиштата денеска се од истиот испраќач како во првите два дена на минатата седмица. Закани утрово добиле и неколку универзитети во Софија, јави БНР.

Директорот на 119-то средно училишта во Софија, „Академик Михаил Арнаудов“ на својот профил го објави мејлот што го добил утрово:

„Сѐ уште не си ме фатил. Јас сум истиот Егор Сињански. А со мене е брат ми Дања Зајнулин. Русин што живее во Бугарија. Врбував многу луѓе во мојот легион и сум се снабдил со опрема за производство на бомби и оружја. И ние ќе пукаме и ќе ги разурнеме сите училишта и универзитети во Софија во кое било време. Можете да го избегнете тоа ако префрлите голема сума биткоини во мојот криптопаричник. Ми требаат вашите пари. Ако нема пари, теророт ќе продолжи. Ако има пари, се ќе заврши. Ние чекаме“ гласи мејлот испратен до ова софиско училиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...