fbpx

Захарова: Скопје непромислено го жртвува суверенитетот

-

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи (МНР), Марија Захарова во својот коментар за протерувањето на петте руски дипломати од Северна Македонија најави дека Русија ќе биде принудена да преземе реципрочни мерки, без да ги најави истите. Коментарот на Захарова е објавен на веб-страницата на руското МНР, како и на Фејсбук профилот на Руската амбасада.

„Овој акцентирано непријателски чекор е продолжување на курсот кон вртоглаво рушење на билатералните односи со Русија што пред неколку недели го зазедоа властите на Северна Македонија. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја почна Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се во спротивност со расположението во јавноста и им противречат на коренитите национални интереси“, наведува Захарова во својот коментар.

Ваквиот потег следи откако Министерството за надворешни работи вчера донесе одлука за прогласување на пет дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за „персона нон грата“. Како непожелни во земјава, тие добија рок од пет дена за да ја напуштат нашата територија.

„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во вчерашното соопштение на македонското МНР.

Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...