Захариева: Се надевам дека во март ќе има одлука за почеток на преговорите со ЕУ

-

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, од 8 до 10 март го организираа третиот тинк тенк форум Западен Балкан со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“.

Форумот кој траеше три дена е дел од програмата на ко-претседателството на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес во 2020 година.

За време на настанот, на осум панел дискусии експертите разговараа за различни предизвици на европската интеграција, вклучувајќи прашања за економска и социјална конвергенција, еколошки проблеми, владеење на правото и хибридни закани.

Експертизата на претставниците на тинк-тенк заедницата треба да ги инспирираат и охрабрат владите да преземат амбициозни чекори кон заедничка европска иднина.

Форумот на 8 март го отвори претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски, по што се обрати Штефан Лене, вонреден професор на Carnegie Europe во Брисел и алумни на Europe’s Futures кој даде контекст на Форумот. По отворањето на Форумот претставниците на тинк-тенк заедницата дебатираа на панел дискусиите „Нов зелен договор“ и „Економска и социјална конвергенција“.

Теми на вториот ден на Форумот беа миграција, безбедност/хибридни закани, владеење на правото и иднината на Европа. На крајот на вториот ден од Форумот, свое излагање имаа министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Димитров потенцираше дека случајот на Македонија ја става Европската Унија на голем тест.

„Првото заедничко претседателство со Берлинскиот процес претставува можност да го вратиме фокусот на нас. Сметам дека имаме силен случај, а со новата методологија и позитивниот извештај на Европската комисија ги имаме сите состојки потребни за успех и за отпочнување на преговори со ЕУ”, рече Димитров.

Захараиева истакна дека треба да се искористи приликата пред Самитот во Загреб кога толку многу земји членки даваат поддршка на проширувањето.

„Во Бугарија имате еден од најсилните поддржувачи на европските перспективи за Западен Балкан. Навистина се надевам дека во март ќе има одлука за Албанија и Северна Македонија за почеток на пристапните преговори. Новата методологија е добар предлог од Европската Комисија кој се уште не е усвоен, но тоа не треба да биде искористено како аргумент за одложување на одлуката за почеток на преговорите“, рече Захариева.

На третиот ден од Форумот учествуваа министри за надворешни работи и други државни претставници од Западен Балкан и земјите на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес кои се осврнаа на темите дискутирани на првиот два дена од Форумот. Првата панел дискусија на последниoт ден од Форумот беше посветена на владеење на правото, миграција и безбедност/хибридни закани. Втората панел дискусија Иднината на Европа даде осврт на темите поврзаност, животна средина и економска конвергенција.

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека...

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Моментално во тек е бета верзијата (бета тестирање од отворен тип) на една од најочекуваните игри за оваа година - „Dune Awakening“. Бета клучевите за пристап се доделуваат преку Steam. Очекувањата...

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247...

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа...

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне...