Вчера на патот Шуто Оризари-Горно Оризари загинало 17-годишно момче во сообраќајна несреќа во која се судриле два автомобила и автобус од ЈСП, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Несреќата се случила во 9.30 часот наутро, на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“.
Во несреќата биле вклучени три возила – „автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото“, велат од МВР.
Возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце се здобиле со тешки повреди. Тие биле примени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал.