Во државата имаме сериозен проблем со загадувањето на воздухот. Во нејзиното ново видео Кика Авеиро забележува дека надлежните не се доволно ангажирани околу решавањето на овој проблем, дури и кога станува збор за нешто сосема едноставно како одржување на преостанатото зеленилото во Скопје. Кика ја изразува својата загриженост за претстојната зима бидејќи уште на крајот на летото веќе се покажува зголемена загаденост на воздухот во нејзината општина и предвидува дека состојбата нема да биде ништо подобра од минатата сезона и покрај најавените зголемени казни за загадувачите. Погледнете го видеото: