fbpx

Заев за „Мета“: Што сакате? Преговори нема и нема да има!

-

Нема никакви преговори помеѓу власта и опозицијата, тврди во изјава за агенцијата „Мета“, Зоран Заев, лидер на СДСМ.

– Што сакате да направите? СДСМ повеќепати изјави дека нема никакви преговори, ниту разговори меѓу власта и опозицијата. Нашите ставови се јасни. Без да се прифатат сите пет барања, ние нема да преговараме со никого – изјави Заев за „Мета“.

Во петокот, 21 ноември, дописничката на „Мета“ од Штип и новинарка во радиото „Канал 77“, објави информација дека лидерот на СДСМ потврдил дека има преговори.

„Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и белгиецот Петер Ванхут, кој повторно е во Македонија. Следните часови се клучни во преговорите, кои, според најавите на лидерот на СДСМ, би требало да финишираат најдоцна утре (сабота, 22 ноември). Неизвесно е дали апсењето на поранешниот охридски градоначалник од редовите на СДСМ, ќе влијае врз текот на преговорите“, објави радиото „Канал 77“.

Изминатиот викенд премиерот Груевски гостуваше во телевизиите „Сител“ и „Алфа“, каде ги коментираше очекувањата од опозицијата.

Запрашан за тоа дали ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата кои не присуствуваа на ниту една седница, премиерот одговори дека законите мора да се почитуваат.

– Не зависи од мене дали ќе им бидат одземени мандатите на овие пратеници. Тоа зависи од законите, од актите. Јас сакам тие да се вратат во парламентот , таму да ги соочиме аргументите. Тие таму можат да дадат критика, ние да ја слушнеме. Претседателот на парламентот мора да го спроведе законот – рече Груевски за „Алфа“.

Уште од септември кружеа шпекулации дека Петер Ванхут, белгискиот експерт од ЕУ, кој присуствуваше на работата на комисијата за настаните од 24 декември, од Делегацијата на ЕУ бил назначен да посредува во разговорите меѓу власта и опозицијата. Сепак, досега тој остана недостапен за изјава во јавноста.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...