fbpx

Заев: Спорот за името треба да го решава кредибилна политичка влада

-

Прашањето за решавање на спорот за името со Грција досега не бил ставен на маса на преговорите за излез од политичката криза, тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за „Радио Слободна Европа“.

Тој смета дека ова прашање треба да го решава стабилна и „целосно кредибилна политичка влада“.

„Никој не го отворил тоа на маса, а преговорите траат повеќе од една година. Јас не очекувам тоа прашање да биде отворено поради тоа што нам ни е јасно, а верувам дека и на меѓународната заедница и на нашите политички противници, дека само стабилна, целосно кредибилна политичка влада може да влезе во решавање на овој проблем. Ние на решавање на овој проблем гледаме преку консензус. И политички и граѓански, транспарентно, со чекор кој ќе го заштити нашиот дигнитет, нашата национална посебност, нашето уставно име, сè со конечна цел – да направиме исчекор којшто ќе биде некаде прифатлив и за нас и за Грција. Мојот татко бил Македонец, а јас, и во иднина моето дете ќе останеме Македонци“, вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...