fbpx

Заев: Со сета сила ќе се борам против поделбите кои што го ослабнаа општеството

-

Живот во Македонија за сите. Од денеска ова е наша заедничка света обврска. Ова не е крај на битката за животот што го избравме. Ова е нашиот почеток, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на почетокот на 22. Конгрес на партијата кој се одржува денеска во хотелот „Александар Палас“.

– Од денеска пред нас се отвора широко поле за обнова на општеството и нашите животи. Мора да се фокусираме на она што не зближува а не она што не разделува. Различностите се нашата сила и со сета сила ќе се борам против поделбите кои што го ослабнаа општеството. Заедно можеме – изјави Заев.

Тој им се заблагодари на граѓаните затоа што избрале демократски вредности наместо режим.

– Одбравте да ни ја доверите одговорноста, тоа е голема чест за мене и за СДСМ и голема обврска. Ви ветувам дека посветено ќе работиме и со посебна грижа ќе ја оправдаме вашата доверба. Нема да дозволиме да се повтори злото што им го направи ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните и на државата. Свесен сум за разрушениот систем на морални вредност и за изолација во која што се наоѓа Македонија на надворешен план. Од следната недела започнува нашата нова инцијатива. Отвораме општество на можности, можности за сите. Доста со реваншизам кој не враќа назад. Само неполитизирано општество води во развој. Ќе работиме во создавање, а не во рушење. Ќе комуницираме со аргументи не со лажни вести. Демократија, отвореност, слобода, просперитет, еднакви можности за сите, спротивно на досегашниот раздор и поделби кои што го кочеа развојот – рече Заев.

Лидерот на СДСМ од присутните делегати побара да бидат одговорни кон граѓаните низ отчетна работа, затоа што како што рече, предизвикот е историски.

– За да знаеме како живеат луѓето мора да сме помеѓу нив. Нашата вистинска работа почува сеа, овде ја барам вашата потврда дека секој ќе расчисти во себе и дека ќе работи во интерес на граѓаните. Со чист образ ја барам вашата доверба за со многу мудрост, храброст и решителност да продолжиме до целта за која што се залагавме. Заедно срушивме режим со пенкало и глас. Верувам дека нашата совест за партијата и за граѓаните е на високо ниво. Да не дозволиме да не поведат ниски политички страсти без разлика дали меѓу себе или меѓу нашите политички противници – додаде Заев.

Помеѓу присутните делегати и поддржувачи на партијата, се наоѓа и поранешниот претседател на СДСМ, како и поранешен премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој доби силен аплауз од присутните и од Заев.

Во салата присутни се и градоначалниците на ДУИ, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, лидерот на Беса, Билал Касами, лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, поранешни функционери од СДСМ како и европратеници и претставници од сестринските партии на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...