Заев со бизнис-делегација во официјална посета на Словенија

-

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словенија и ќе предводи владина делегација во состав заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

„Во рамки на дводневната посета на Словенија, заедно со владината делегација ќе престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на кои заедно со своите колеги од Словенија ќе се сретнат и ќе разговараат за соработка во рамките на бизнис-форумот што го организираат двете земји. Предвидено е бизнис-форумот да биде отворен со обраќања на двајцата премиери, Шарец и Заев“, се вели во соопштението.

Премиерот Заев ќе има билатерална средба со својот колега, Марјан Шарец, а ќе биде примен и од претседателот на Словенија, Борут Пахор и од претседателот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан.

Вицепремиерот Анѓушев ќе оствари неколку одделни средби со словенечки компании на кои ќе се разговара за инвестициската клима и поддршката што земјата ја пружа за нови инвестиции.

Премиерот Заев е придружуван од неговата сопруга Зорица Заева која заедно со сопругата на премиерот Марјан Шарец, Барбара Искра Шарец ќе има одвоена програма.

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни...