fbpx

Заев се сретна со коалицијата „Граѓаните за Македонија“

-

Граѓанските организации од коалицијата „Граѓаните за Македонија“ вчера остварија средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пишува „А1 он“ (а1on.mk).

Невладиниот и граѓанскиот сектор беа информирани од претседателот на СДСМ, Заев, за деталите од исходот на преговарачкиот процес.

Заклучено е дека со договорот од Пржино успешно е заокружена една важна фаза од заедничката акција за заштита на достоинството на граѓаните и на Уставот на Република Македонија.

Членовите и поддржувачите на коалицијата „Граѓаните за Македонија“ ги разгледаа следните чекори за обезбедување демократичност во нашето општество и во таа насока е договорено продолжување на меѓусебната комуникација и координација.

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ се заблагодари на сите граѓани, активисти, експерти, аналитичари, музичари, изведувачи кои учествуваа во организирање на содржините во „Кампот на слободата“ што беше поставен 60 дена пред Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...