fbpx

Заев, Рама и Вучиќ во Охрид потпишаа декларација за продлабочена соработка на регионот

-

Македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид ја потпишаа декларацијата, со која е договорено спроведување на мерките за слободно движење меѓу трите земји, признавање на квалификациите и дипломите на нивните граѓани, како и воспоставување брза лента за движење на камиони на граничните премини.

Граѓаните на овие три земји во иднина ќе ги минуваат границите само со лична карта, додека за унапредување на слободниот проток на стока ќе се воведе целодневно работење на сите инспекциски служби на границите, како и ќе се формира заеднички пакет на документација потребен за транзит на стоки во рамките на овие три земји.

„Малиот шенген“ меѓу трите земји од регионот е составен дел од барањата од Берлинската конференција на Западен Балкан и не означува алтернатива на членството во ЕУ. Премиерот Зоран Заев во Охрид изјави дека договорените мерки ќе претставуваат забрзување на остварувањето на сонот за Западен Балкан на 21 век.

– Уверен сум дека овие напори се во поддршка на нашите амбиции за членството во ЕУ. Исто така сум цврсто убеден дека оваа иницијатива и конкретните мерки и резултати ќе предизвикаат позитивно влијание и во Европската Унија и кај секоја од земјите членки на ЕУ. Оваа иницијатива ќе не факторизира како регион – изјави премиерот Заев.

Заев, Рама и Вучиќ се договорија следната регионална средба да се одржи во Драч на 21 декември, каде ќе биде присутен и идниот шеф на европската дипломатија Жосеф Борел, наследникот на Федерика Могерини. Лидерите изразија оптимизам дека на следната средба во Драч ќе има понагласено учество на земјите од регионот. На средбата во Охрид не учествуваше Косово, Црна Гора ја испрати министерката за економија Драгица Секулиќ, додека БиХ ја претставуваше претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...