Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 степени“ ја потврди информацијата дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи.

„Сега јас малку ќе „закочам“ со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, рече Заев во врска со оваа иницијатива.

Премиерот додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и ќе разговараат за
оваа иницијатива која како што рече е поддржана и од други премиери.