fbpx

Заев: Преговорите се неуспешни, „Вистината за Македонија“ ќе продолжи

-

Преговорите се неуспешни, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

– Не се можни фер и демократски избори со Груевски во влада. Ќе продолжиме да дејствуваме на сите начини, законски и демократски. Проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи – рече Заев, кој ниту во еден момент преговорите не ги нарече „пропаднати“ или „прекинати“.

Заев во одговорите на новинарските прашања, рече дека меѓународната заедница била информирана за ова и дека ако има предлог или покана оттаму за нова средба, СДСМ ќе прифати да разговара.

На прашањето што ако Груевски излезе со некаков нов предлог, Заев рече дека „тој нема капацитет за демократски предлог што се гледа од досегашните преговори“.

За најновата анкета за рејтингот на партиите на ИРИ, лидерот на СДСМ вели дека „дури ни Груевски не верува во неа – да веруваа, тој ќе прифатеше да оди на избори“, како и дека „ниту една анкетата не е релевантна во ова време“.

Заев на прашање дали се плаши дека сега може да го уапсат, рече дека „апсењето не му е важно“.

За идните потези, Заев изјави дека „уште вечерва во консултација со граѓаните и со органите на партијата ќе бидат донесени следните чекори“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...