fbpx

Заев: Правиме сè за мирен крај на кризата

-

Во интерес на стабилноста на државата и на граѓаните потребно е итно да се формира новата Влада, како излез од политичката криза, во којашто ја туркаат земјата Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното издание за српскиот весник „Данас“.

– СДСМ отсекогаш била и ќе биде државотворна партија којашто мисли пред сè на интересите на граѓаните и на државата. Затоа толку внимателно ги движиме демократските процеси. Знаеме какви несериозни луѓе имаме од спротивната страна. Правиме сè што е во наша моќ да обезбедиме промена на власта на мирен начин. Сепак, сакам да кажам дека ова што го прават Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на теренот, еве вадат и мали дечиња на улица, од по неколку години, ученици, шират говор на омраза и етничка нетрпеливост – веќе е аларм за сите дека кризата мора брзо да се реши и ќе направам сè, да спречам поголеми штети. Низ институциите на системот, согласно Уставот, очекувам брзо да биде избрана новата влада – вели Заев.

Тој порачува дека очекува денеска да се избере нов претседател на Собранието на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...