fbpx

Заев: Прашање на денови е кога ќе го објавиме името на новиот министер за здравство

-

Привршуваат разговорите меѓу коалициските партнери во Владата за пополнување на испразнетите ресори, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на неформалниот состанок на претставници на царинските управи од земјите од Западен Балкан во Скопје.

Заев рече дека е прашање на денови кога би се објавило името на новиот министер за здравство, на местото на Арбен Таравари, кој стана градоначалник на Гостивар.

– Граѓаните го очекуваат новиот министер за здравство. Ние сме на крај на разговорите со коалициските партнери, а се надевам дека во прашање се само денови додека го објавиме и името на министерот, но и да ги пополниме другите испразнети места, заменик-министер и министер без ресор и да ги комплетираме раководните структури на извршната власт – изјави Заев.

Тој додаде дека е важно да се пополнат и местата во институциите за кои се објавени јавни конкурси и упати апел до граѓаните кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсите.

– Досега имаше за еден дел в.д. решенија, еден дел не беа ниту променети, мандатите истекуваат и во согласност со правилатаи со законите во Македонија, сакаме да ги поставиме новите менаџменти на многу значајни институции за коишто огласите се во тек – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...