fbpx

Заев побара оставка поради инцидентот, директорот на „Шутка“ се согласи да ја даде

-

Директорот на затворот „Шутка“, Ѓоко Котевски ќе го прифати барањето на премиерот Зоран Заев за негова оставка, по повод инцидентот кој вчера се случи кога приведените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, наводно биле нападнати и повредени.

– Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор да ја завршам истрагата и дека ќе се покажат сите недостатоци кои веќе ги увидовме и потоа ќе биде реализирано барањето на премиерот – изјави Котевски за „Плус инфо“.

Заев денеска побара оставка од Котевски, „бидејќи не си ја завршил работата и дозволил инциденти еден по друг во установата со која што раководи“.

– Се слушнав со директорот Ѓоко Котевски во врска со инцидентите во Шутка. Тој ми поднесе устен извештај дека притвореното лице Спире Ристовски со погрдни зборови прв вербално нападнал друго затворено лице, а потоа за многу кратко време се случил уште еден таков инцидент. Тоа не може да се толерира, без разлика дали истрагата ќе покаже дека нападнатите две лица го испровоцирале инцидентот или не. Во затворот секој треба да си ја врши работата и да не дозволува ни намерни, ни ненамерни инциденти. И секое лице што наоѓа таму лишено од слобода треба да биде безбедно. Со оглед на тоа што Владата го именува директорот на затворот во Шутка, очекувам тој во понеделник до Владата да си поднесе оставка – одговори Заев на новинарско прашање на Конференција за борба против корупцијата во Скопје.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека очекува да се истражи случајот до крај, да се вклучи и Народниот правобранител.

– Мора во затворските установи да се почитуваат правата и слободите на лицата кои се лишени од слобода. Во спротивно, треба одговорните во тие установи да си поднесат оставка – рече Дескоска.

Во врска со случајот се јави и Делегацијата на ЕУ во Скопје и изрази загриженост за инцидентот.

„Делегацијата на ЕУ осудува каква било форма на насилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затворот во Шутка. Очекуваме истрага за овој инцидент и да се сносат последици“, стои во пишаната изјава на Делегацијата на ЕУ.

Инаку, за вчерашниот случај во затворот Шутка, медиумите излегоа со информации дека Јанакиески се здобил со скршеница на раката, а Ристовски бил со пукната аркада од страна на припадник на т.н. „кумановска група“, но од ГОБ „8 Септември“ ги демантираа тие информации.

„Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј. кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди“, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8 Септември“ апелираа јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчерашниот ден го нарече „црн ден на демократијата“ и побара одговорност. Тој се обиде да го посети Јанакиески во болницата, но беше спречен од затворската полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...