fbpx

Заев по средбата со Гаши и Села: Деталите за Законот за државјанство ќе се соопштат откако ќе бидат на хартија

-

Постигнат е компромис за Законот за државјанство, но ниту премиерот Зоран Заев, ниту предлагачите од Алтернатива и Алијанса за Албанците (АА-А) не ги откриваат деталите со цел да не бидат погрешно сфатени.

„Договоривме дека ако предвреме ги соопштиме деталите пред да ги ставиме на хартија можеме да направиме различно видување во јавноста со оглед на тоа што има правни термини“ изјави премиерот Заев по денешната средба со претставнците на АА-А.

Како што рече тој, на предлог законското решение ќе работат самите предлагачи и потоа ќе го достават до извршната власт, а подоцна тие ќе го споделат во јавноста.

И Зијадин Села од Алијанса за Албанците не сакаше да ги коментира деталите за договорот и побара од новинарите да не прашуваат за истите.

„На добар пат сме да го решиме проблемот и се надевам дека на почетокот на неделата ќе излеземе со нашиот финален став кој ќе биде достапен за јавноста за да се знае за кои прашања се согласивме. Би ве замолил да не прашувате детали. Целта е еднаш засекогаш да се реши проблемот со граѓаните кои повеќе од 30 години живеат тука“ рече Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...