fbpx

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

-

Премиерот Зоран Заев рече дека на референдумот за името на 30 септември одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат и дека огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците.

-Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор – одговори Заев на новинарско прашање дали референдумот ќе биде успешен, на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за правда Рената Дескоска.

Тој го повтори ставот дека референдумот за името како идеја потекнува од ВМРО-ДПМНЕ уште пред 12 години.

– Јас ќе излезам на 30 септември и ќе гласам „за“. Треба и другите политички лидери да ги кажат своите ставови затоа што водиме политички субјекти, наша одговорност е да носиме одлуки и да им ги соопштуваме на граѓаните. Ако мнозинството од гласови на референдумот се „против“ тогаш ние ќе го поништиме Договорот со Грција, но ако мнозинството се „за“ тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...