fbpx

Заев: Новите министри ќе имаат само контролна улога

-

Денешниот избор на министрите и на замениците-министри е уште еден чекор што ќе придонесе за фер и демократски избори, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пред Собранието, по завршувањето на седницата на која пратениците ги аминуваа новите членови на Владата.

– Улогата на овие луѓе ќе биде само да ја контролираат работата на владата и да ја обезбедат слободната волја на граѓаните. Значи само контролна улога, која ќе придонесе на 24 април да ги вратиме уставните вредности на нашата држава – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто СДСМ не гласала за предлогот за заменик-министер предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека ова што се случи денеска не е коалиција со владејачката партја, туку почитување на Договорот од Пржино.

На прашањето дали на 24 април сè уште ќе биде градоначалник на Струмица, тој рече дека нема да биде, туку ќе ја добие поддршката од граѓаните да ја води новата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...