fbpx

Заев: Нема потреба од доставување документи до Грција за финансиерите на протестите

-

Премиерот Зоран Заев денеска рече оти нема потреба македонските власти да достават документи до грчките организации што сакаат да почнат истраги и да бараат одговорност од грчки бизнисмен со руско потекло кој беше посочен како финансиер на протестите на навивачката група Комити во Македонија.

Заев вели дека тоа се искази на лица, кои се не потврдени, а дадени во разговор во полицијата.

– Тоа се искази на луѓе кои го дадоа по нападите врз полицајците пред Собранието, како дел од навивавачката група Комити во Македонија. Јас тоа го коментирав за да испратам порака дека треба да се гради пријателство, а не да се создаваат основи за непријателство. Македонија веќе покажува пример за градење на пријателство и ние тоа ќе продолжиме да го правиме со сите земји, па така и со Руската федерација – рече Заев.

Откако во интервју за БазФид Њуз, а потоа и на почетокот на изградбата на фабриката на американската фабрика „Дура“, обвини дека „грчки бизнисмени” кои „се сочувствителни на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство”, а потоа и дека станувало збор за руски бизнисмен, следеше остра реакција од руската амбасада во Македонија, која рече дека станува збор за паушални изјави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...