fbpx

Заев најави амбициозни проекти во енергетиката и нов договор со „Хеленик петролеум“ за нафтовод

-

Претстојат низа нови, сериозни проекти во енергетскиот сектор кои ќе бидат со поддршка на САД, а вклучуваат, меѓу другото, приклучувањето на Северна Македонија во изградбата на терминалот за течен, природен гас во близина на Александрополис во Грција, нов договор со ОКТА за пуштање на нафотовод Скопје-Солун, резерви на гас за во иднина, како евтин енергенс и тоа од САД, Азербејџан или Израел, како и учество на Македонија со 25 проценти во гасна централа. Тоа го најави синоќа премиерот Зоран Заев, во гостувањето во емисијата Економски магазин, на „Алсат М“.

„Преговараме со ОКТА за пуштање на нафтоводот, а под кои околности, ќе се договориме. Како држава, изразуваме и желба за учество со акции во гасоводот од Александрополис, не само на компаниите“, рече Заев.

Тој потсети дека за проектот Александрополис, Владата искажала интерес при посетата во Атина, на средбата со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, основачки акционер на компанијата „Гастрејд“.

Заев посочи дека земјава може да биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис, за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри. Со тоа ќе се создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас на нашата земја, од каде потоа тој ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.

„Знаете дека со интерконекторот веќе завршуваме со документацијата, имаме 14 милиони евра грант. Тоа е поврзување со Грција, истовремено сме при крај со документација за второто поврзување со гасоводот од Бугарија, Струмица-Петрич.
Секако, ние ќе букираме гас во иднина за нашите капацитети бидејќи е евтин американскиот течен гас. Тука е и азербејџанскиот, израелскиот, се тоа што доаѓа од Југоисточниот Медитеран. Веројатно ќе учествуваме со 25 отсто во гасна централа, размислуваме, секако, ќе ги видиме условите“, посочи Заев. Додаде дека со новите проекти, Северна Македонија може да стане регионална раскрсница, а со тоа ќе има придобивки од тарифите за транзитирање на гасот во соседството.

„Ние сме земја членка во НАТО, нашата иднина е во тоа да станеме полноправна членка во ЕУ и апсолутно сите вакви текови ќе ги искористиме, особено кога земјата  е убава раскрсница и можеме да наплатиме транзитни тарифи на гас, кон Косово, Србија, и така натаму“, рече тој.

Инаку, штетниот договор за продажба на државната Рафинерија ОКТА на „Хеленик петролеум“ пред 21 година го потпиша тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Потоа неговиот близок соработник, поранешниот премиер Никола Груевски (сега бегалец од правдата) како тогашен министер за трговија потпиша анекси со кои грчката компанија доби поволности при увоз на нафта, а нашата земја плаќаше штета на компаниите „Мамидоил – Џетоил“ поради прекршување на договорот за ексклузивно снабдување на земјава со нафта. Според договорот, Македонија беше обврзана да откупува 500 илјади тони мазут на годишно ниво иако потребите се повеќе од петкратно помали. Уште во 2009 година државата ѝ исплати на „Хеленик Петролеум“ 40 милиони долари отштета за неспроведувањето на обврската за набавка на мазут, а овој износ е можно да се зголеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...