Заев на Генералното собрание на ОН: Договорот со Грција ја зајакна стабилноста на Балканот

-

Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на пленарната сесија на 74 – тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Како што информираат од владата, премиерот Заев во својот говор нагласил дека за прв пат се обраќа од позиција на шеф на Владата на Република Северна Македонија со комплетирана лична карта на земјата во Обединетите нации, во чија карта се наведени името на државата, јазикот и државјанството на нејзините граѓани.

– Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан – истакна премиерот Заев.

Тој се заблагодари на целата поддршка што ја дадоа Обединетите нации преку 20 – годишната работа на Метју Нимиц, кој работел со двете земји за изнаоѓање на решение за спорот за името.

– Веруваме дека Спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и дека е корисен пример за многу други отворени прашања – потенцираше премиерот Заев.

Осврнувајќи се на една од централните теми на ова собрание – климатските промени, премиерот Заев потенцирал дека е неопходна реализацијата на заклучоците од Парискиот договор за да се препознае и прифати влијанието на климатските промени како закана за безбедноста и стабилноста во светот и разорните последици од овие промени врз човештвото, се наведува во соопштението на владината прес – служба.

– Национално дефинираните придонеси се клучни за да се забрзаат активностите во однос на климатските промени. Северна Македонија ги зголеми националните придонеси според Парискиот договор, а истите се инкорпорирани како цели во нашите национални закони и политики – рече Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.

Како земја активен партнер на меѓународните коалиции против тероризмот, рече премиерот Заев, Владата на Северна Македонија ќе продолжи да придонесува кон мултилатералните напори за борба против тероризмот, како и во справувањето со уште еден современ предизвик – масовните миграции.

Тој истакна дека здружен, мултилатерален настап е неопходен и кога станува збор за лажните информации и дезинформациите, заедно со целно – насочените кампањи кои се закана и го поткопуваат глобалното демократско владеење, истовремено ставајќи ја на испит отпорноста на демократските општества во целиот свет.

Премиерот Заев во завршницата на своето обраќање нагласи дека унапредувањето и заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото остануваат темелни столбови на вредностите и дејствувањето на Обединетите нации.

– Република Северна Македонија и натаму цврсто го поддржува мултилатерализмот. Ќе продолжиме да работиме со сите засегнати страни во денешниов фрагментиран свет. Ова е наш заеднички свет – потенцираше премиерот Заев на крајот.

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...