fbpx

Заев на Економскиот форум: Со регионално поврзување и ЕУ интеграции до поголеми инвестиции и стандард

-

Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање го отвори првиот Економски форум во Скопје во организација на Економскиот форум од Делфи, Грција и на Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании.

Премиерот истакна дека влегуваме во нова фаза на економски раст, кој ќе го придвижат зголемената регионална економска соработка, спроведувањето на сите потребни стандарди што се својствени за државите членки на ЕУ, како и посебниот Интервентен план за инвестиции ИПИ 2021 – 2027 за економски развој.

„Сакам да упатам порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори. Националната економија е стабилна и ќе расте. Влегуваме во нова фаза на економски раст, кој ќе го придвижат: зголемената регионална економска соработка, спроведување на сите потребни стандарди што се својствени за државите членки на ЕУ, како и преку посебниот Интервентен план за инвестиции ИПИ 2021-2027 за економски развој,“ рече Заев.

Премиерот додаде дека она што следи сега е, прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што претпоставува отстранување на сите постоечки бариери.

Второ, додаде тој, неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во државата, преку обезбедување на дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност.

„Во оваа прилика би сакал да напоменам дека од големо значење во контекстот на регионалната економска интеграција на Република Северна Македонија, како и на целиот Западен Балкан, но исто и во контекст на економската интеграцијата во ЕУ е и прифатената иницијатива за проширување на тнр. „Зелени коридори“. Тие коридори, на просторот на Западниот Балкан, беа воспоставени во текот на пандемијата, па сега е потребно нивно проширување кон транспортните коридори со соседните држави членки на ЕУ. Таа одлука е донесена, но, се појавуваат предизвици при нејзината имплементација. „Зелените коридори“ се многу битни бидејќи, убедливо најголем дел од трговската размена како на Северна Македонија, така и на сите држави од регионот на Западен Балкан, се одвива со државите членки на ЕУ,“ додаде Заев.

Според него, пандемијата уште повеќе ја нагласи потребата дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите и да се адаптираат на новата реалност за да дизајнираат политики фокусирани на градење на еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите.

„Масовната имунизација во земјата е во тек и во моментот пандемијата е под контрола, глобалната економија закрепнува и очекуваме дополнително зајакнување на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз,“ потенцираше премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...